Ekip
21 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – Малезискиот премиер го искористи својот говор при отворањето на 27-миот Самит на ASEAN 2015 да ги спомене екстремистите и терористите велејќи дека Малезија е подготвена да обезбеди било каква помош за елиминирање на „новото зло кое го хули исламот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Наџиб Резак, денес, својот говор во Куала Лумпур го започна спомнувајќи ги оние кои ги изгубија животите во неодамнешните терористички напади во Париз, Бејрут, Синај, Мали, Турција, Филипини, како и во Сирија и Ирак.
Забележа дека треба да се разгледа прашањето зошто некој е погрешно воден да ја следи идеологијата на Даеш.
„Кој е нивниот мотив?“, праша тој, известува државната новинска агенција Бернама.
Говорејќи како претседавач со Самитот ASEAN 2015 на лидерите од југоисточна Азија, посочи дека само воена акција не е доволна за победа над оние кои се склони кон предизвикување војни, осакатувања, убивања, разорување и очај.
„Идеологијата која ја пропагираат овие екстремисти е виновна за ова садистичко насилство и во ова трагично време не треба да го изгубиме од вид фактот дека идеологијата мора да се дефинира како лага, каква што и е, и да се порази.
„Затоа што не е исламска. Не може да е“, посочи тој.
„Тие се терористи и треба да се спротивставиме како на такви, со целосна сила на законот“, рече тој, повикувајќи на претпазливост кон заканата што тој ја нарекува „многу реална“.