Merve Yıldızalp
17 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
АНКАРА (AA) - На состанокот на Советот за национална безбедност на Турција (MGK) во Анкара денеска е нагласено дека Турција никогаш нема да дозволи формирање на терористичка држава долж своите граници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во согласност со меѓународното право ќе следува соодветен одговор, доколку, поради случувањата во Сирија и Ирак, биде воочена закана, провокација и напад на нашата јужна граница. Турција никогаш нема да дозволи формирање на терористичка држава долж своите граници. Уште еднаш е нагласено дека терористичките организации ПКК/ПДЈ-ЈПГ нема да добијат легитимитет под изговорот дека водат војна против ДЕАШ", се наведува во соопштението.