Sebahatdin Zeyrek
14 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
ПАМУККАЛЕ (АА) - Подрачјето на Памуккале во Турција ќе биде во фокусот на новиот документарен филм на каналот „Дискавери“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Познат во светот по своите лековити води богати со минерали и прастарите бели тераси од травертин, Памуккале и античкиот град Хиераполис се дел од светското наследство на УНЕСКО од 1988 година.
Богатата историја и хипнотизирачките природни убавини ќе ги истражува режисерот Абдурахман Итик во епизода од „Mysteries of the Abandoned“, серијал што се прикажува на каналот „Discovery Science“.

„Документарниот филм е дел од напорите на Турција да го зајакне туризмот, давајќи му на светот поглед кон хипнотизирачката убавина на целата земја“, изјави за Агенција Анадолија, Саит Јардимџи, шеф на Турската филмска комисија.
„Присуството на меѓународни филмски и телевизиски продукциски тимови во Турција ќе има големо влијание врз туризмот“, рече тој.
„Проектите како овој документарен филм ќе се покажат како витални за промоција на нашата земја и нејзините природни убавини низ светот“, додаде Јардимџи.