Selma Kasap
18 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ШАНЛИУРФА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, предупреди денес дека Турција адекватно ќе реагира против секоја иницијатива во рамките на нејзините граници и во соседството која ќе биде препознаена како закана за нејзината национална безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнувајќи дека во Сирија и во Ирак постојат кругови кои фантазираат за формирање на некаква вештачка државна творба, турскиот премиер предупреди дека Турција истиот момент адекватно ќе одговори доколку препознае дека во тие иницијативи постои закана за турската национална безбедност.
„На сите треба да им биде јасно. Никој да не се обидува на нашите јужни граници, во Ирак или во Сирија да ја злоупотреби актуелната ситуација заради некои свои цели. Турција е крајно одлучна во овој поглед, а благовремено ги испративме и потребните предупредувања. Ниту малку нема да се двоумиме доколку овие предупредувања не бидат доволни“, порача Јилдирим во текот на денешното обраќање пред претставниците на невладиниот сектор во турскиот град Шанлиурфа.
Премиерот Јилдирим пристигна во Шанлиурфа утринава за да присуствува на свечениот почеток на наставата во новата учебна година. Тој рече дека ја одбрал Шанлиурфа поради тоа што е тоа е град со најмладата популација во Турција и град каде што наставниците беа цел на напади на терористичката организација ПКК.
Речиси 18 милиони ученици во Турција денес ја започнаа новата школска година во 70.000 државни и приватни училишта.