Didar Yüsra Dilruba Öz
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Генералштабот на турската војска рано утринава излезе со соопштение дека најмалку 20 терористи на ДЕАШ се неутрализирани во северниот дел на Сирија во текот на последните 24 часа, како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските авиони спроведоа воздушни операции над 10 позиции на ДЕАШ, вклучувајќи снајперски позиции и фабрика за минофрлачи во Ал Баб.
Специјалните сили на Умерената сириска опозиција со поддршка на турските сили уништија 106 упоришта на ДЕАШ во последните 24 часа.
Турската армија им дава поддршка на борците од Умерената сириска опозиција во борбата за ослободување на Ал Баб од терористичката група.
Операцијата е дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, предводена од Турција, која започна кон крајот на август со цел да се подобри безбедноста, да се поддржат коалициските сили, како и да се елиминира заканата од тероризмот долж турската граница.
Од почетокот на офанзивата досега се уништени 43 мини и неутрализирани се 2.941 импровизирана експлозивна направа.