Sarp Özer,Sinan Uslu
23 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
АНКАРА (АА) – На северот од Сирија, во околината на Ал-Баб, Турските вооружени сили уништија 8 позиции на терористичката организација ДЕАШ, меѓу кои и центри за оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштенето од Турските вооружени сили, врз основа на дојава, а во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, изведена е воздушна операција во областите Кабасин, Бзагха, Шабвиран и Арима во околината на Ал-Баб, во северна Сирија.
Воените авиони на воздухопловните сили унуштија 8 позиции на терористичката организација ДЕАШ, меѓу кои и центри за оружје.
По успешно изведената операција, авионите се вратија во своите бази.