АНКАРА (АА) - Претседателот на Генералното собрание на Партијата за правда и развој (AK Parti) и премиер на Турција, Бинали Јилдирим, на состанокот на парламентарната група што се одржа денес се осврна, меѓу другото, на терористичкиот напад врз аеродромот „Ататурк” и на подобрувањето на односите со Русија и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Партијата за правда и развој има три принципи: мала потрошувачка, кусо време, малку готовина. Според нив изработуваме патишта, го воспоставуваме воздушниот сообраќај за нашите граѓани и според овие принципи ги забрзуваме патиштата за комуникација”.
- Рекорден број на летови на аеродромот Ататурк во Истанбул -
Премиерот Јилдирим потсети и на терористичкиот напад врз аеродромот „Ататурк” во Истанбул, истакнувајќи: „Рекоа дека Турција е уништена, дека туризмот во Турција ќе згасне и земјата повеќе не ќе може да се обнови. Оние што не ја познаваат оваа држава и овој народ уште еднаш се доведоа во заблуда. Аеродромот „Ататурк” последниот ден од празникот Рамазан бајрам го сруши рекордот со изведени 1.443 полетувања и слетувања во еден ден.
„Бриселскиот аеродром беше затворен 10 дена, додека аеродромот во Истанбул беше отворен утредента во 02:00 часот. Тоа ја покажува силата на Турција и нејзинатa подготвеност секогаш да излезе на крај со сите видови вонредни состојби“, рече турскиот премиер Јилдирим.
- Нормализирање на односите меѓу Турција и Израел -
Претседателот на Генералното собрание на Партијата за правда и развој и премиер на Турција, Бинали Јилдирим, во својот говор потсети на зборовите при формирањето на 65. Влада на Турција.
„Ќе го зголемиме бројот на пријателите на Турција, ќе го намалиме бројот на непријатели на Турција”, истакнувајќи го подобрувањето на односите на Турција со Израел и Русија. Во врска со озборувањата околу состојбата напред-назад во односите со Израел, турскиот премиер Јилдирим рече: „Се разбира дека сме за помирување, доколку тоа биде од корист за нашите палестински браќа, кои во Појасот Газа живеат исклучени од светот”.
- „Одбраната на палестинската кауза треба да се спроведува на дело, со акција, а не само со убави зборови” -
Премиерот Јилдирим го изрази задоволството од вкусувањето на првиот плод на постигнатото примирје, кое се манифистираше со радоста за празникот Рамазан во Газа, додавајќи:
„Токму за празникот во Газа пристигна хуманитарната помош од 11 илјади тони во форма на храна, облека, лекови, која беше испратена од Мерсин за да придонесе кон зголемување на празничната радост на нашите браќа и сестри. Ете, тоа е полезноста од примирјето. Отсега, па натаму Турција ќе ја има главната улога во опоравувањето на областите во Газа, во однос на недостигот на струја, инфраструктура, индустриска неразвиеност и за поддршка во здравствените услуги. Палестинските браќа и сестри ќе можат повторно слободно и нормално да дишат, без проблеми, во подрачјата во Газа што ќе бидат реконструирани под водство и упатство на Турција. Одбраната на палестинската кауза треба да се спроведува на дело, со акција, а не само со убави зборови. Треба да се направат конкретни дела. ТОКИ гради живеалишта, а ТИКА гради болница. Унијата на комори и стокови берзи е во фаза на организација на индустриски зони што ќе бидат оформени во областа Енез, на Западниот Брег. Во наредните денови ќе следува и реализација на акцијата за спроведување на електрична енергија во Газа, од страна на нашето Министерство за енергетика“.
Премиерот Јилдирим нагласи дека ќе се вложат напори за негување на пријателските односи со земјите од регионот.
„Отсега па натаму, ќе се фокусираме на тоа тензиите наместо со расправии, да ги надминуваме преку пријателство, осврнувајќи се на повторниот развој на регионот. Ваквиот начин на размислување нема да важи само за Израел. Ќе вложиме напори за одржување на колку што е можно попријателски односи со сите земји од регионот околу нас. Ова не значи дека притоа ќе се откажеме од нашите тамошни права. Ќе продолжиме со заштита на интересите на нашата земја во регионот, ќе продолжиме со борбата против тероризмот, земајќи ја предвид нашата чувствителност по тоа прашање, без притоа да ги нарушиме стекнатите пријателски односи со земјите околу нас”.
news_share_descriptionsubscription_contact
