İnci Gündağ
07 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ЛОНДОН (АА) – Сигурдур Инги Јохансон е именуван на позиција премиер на Исланд, откако оставка поднесе Давид Гунлаугсон, чие име се спомнува во откриените тајни документи на аферата “Досие Панама”, јавува Anadou Agency (AA).
Новиот исландски премиер, 53-годишниот Сигурдур Инги Јохансон, досега ја извршуваше функцијата министер за земјоделство и рибарство.
„Планираме да организираме избори оваа есен. Ќе продолжиме посветено да работиме на активностите кои ги водевме во претходните три години како коалициска влада”, изјави новоименуваниот премиер Јохансон.
Минатата недела откриени се тајни документи на правната советодавна компанија “Мосак Фонсека” кои откриваат илјадници лица кои со подсредство на „offshore” компаниите на Панама вршиле затајување на данок и перење на пари. Меѓу тие имиња е и името на досегашниот премиер на Исланд, Гунлаугсон.
Повеќе од 10.000 демонстранти во почетокот на неделата се собраа пред парламентот во Рејкавик и побараа оставка од премиерот кој тоа и го стори.