Cuneyt Davut
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје, Сојузот на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ го одржа своето 7. редовно Генерално собрание, на коешто беше избран нов претседател, јавува Anadolu Agency (AA).
На собранието, покрај претседателите и претставниците на организациите, присуствуваше и Првиот секретар на Турската амбасада во Скопје, Нихат Ѓул, кој беше присутен како претставник на амбасадата, претседателот на МАТУСИТЕБ од 2014-2016 година Тахсин Ибрахим, координаторот за Македонија на Турската агенција за соработка и координацијa (ТИКА) Теоман Тирјаки и претседателскиот кандидат за новиот мандат Хусрев Емин. На овој состанок беа избрани управен совет, надзорен одбор и почесен одбор.
Исто така на состанокот се читаше и писмото на амбасадорот на Турција во Скопје, Омур Шолендил.
Претседателот на МАТУСИТЕБ за временскиот период од 2014-2016 година, Тахсин Ибрахим, во изјавата за АА рече дека Сојyзот претставува институција којашто ги има собрано под еден покрив сите турски организации во Македонија.
„МАТУСИТЕБ претставува една над-организација којашто во Македонија и во поширок контекст надвор од неа, обезбедува услуги за турскиот народ на Балканот во областа на образованието, културата, уметноста и којашто го актуелизира нашето претставување во државните македонски институции“, рече Ибрахим, којшто додаде дека добиваат голема поддршка од ТИКА во пружањето на нивните услуги и активности.
Кординаторот на ТИКА во Македонија, Теоман Тирјаки, во своето обраќање на Генералното собрание рече дека во периодот од 3 години, колку што престојува во Македонија, во сорабтока со МАТУСИТЕБ реализирале корисни, значајни и стратешки проекти.
Истакнувајќи дека Турција минува низ тежок период поради обидот за државен удар на 15 јуни Тирјаки рече: „Bо овој тежок период, вие почитувани претставници во Македонија заедно со граѓаните бевте покрај Турција. Во врска со ова на сите поединечно Ви се заблогодарувам“.
Петтиот претседателски кандидат на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, во изјавата за АА рече дека е активен уште од основањето на Сојузот и дека во два мандата бил извршен директор, а во еден мандат заменик-претседател.
„МАТУСИТЕБ ќе ги продолжи сите активности со цел да се зачува квалитетот и стабилноста којашто е обезбедена досега. Во истовреме како МАТУСИТЕБ ќе ги продолжиме сите активности кои ќе им бидат поттребни на нашите граѓани во иднина, за да го задржат единството и заедништвото“, рече тој.
По гласањето на 7. Генерално собрание на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин беше избран за петти претседател со двегодишен мандат.
Од вкупно 40 членки организации, 33 гласаа „за“.
МАТУСИТЕБ е основан во 2003 година како еден заеднички закрилен сојуз на сите турски организации од граѓанскиот сектор.