Emel Öz Gözellik
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Anadolu Agency (AA) и Тајванската централна новинска агенција (CNA) во Тајпеј со цел меѓусебен развој, потпишаа меморандум за соработка.
Помошникот генерален директор на АА, Мустафа Озкаја, генералниот директор на CNA, Фен Шианг-Лин, помошникот генерален директор на CNA, Нил Лу, Главен и одговорниот уредник за меѓународни вести на АА, Фарук Токат, претставникот на турската трговска канцеларија во Тајпеј, Исмет Ерикан и други официјални претставници учествуваа на церемонијата на потпишување која се одржа во седиштето на CNA во Тајпеј.
Помошникот генерален директор на АА, Озкаја, во својот говор на церемонијата на потпишување рече: „Денеска е значаен ден за АА и CNA. Меморандумот за соработка им овозможува на двете агенции меѓусебно да ги користат вестите, фотографиите и видеата. Турција и Тајван ќе можат на брз начин да имаат пристап до веродостојни вести.“
Меморандумот за соработка ќе има свој придонес и во односите меѓу двете земји, истакна Озкаја.
„Турција и Тајван ќе имаат можност да дознаат повеќе за културата, историјата, уметноста и економијата на двете земји.“
Озкаја истакна дека со меморандумот за соработка, Anadolu Agency во мрежата на вести доби значаен партнер на полето на вести кои потекнуваат од азиско-пацифичкиот регион.
„Anadolu Agency е новинска агенција која што вестите од Тајван ќе ги презентира на 11 јазици. Верувам дека во најкусо време меморандумот за соработка ќе ни донесе резултати на полето на културата, економијата и туризмот. Му се заблагодарувам на раководството на CNA за гостопримството. Истовремено, им се заблагодарувам и на одговорните од двете земји кои имаат свој удел во остварувањето на овој меморандум за соработка.“
Генералниот директор на CNA, Фен, во својот говор спомена дека CNA е национална новинска агенција која работи веќе 92 години и претставува најголем провајдер на вести во Тајван и додаде дека CNA има важна задача да ја зајакне комуникацијата со меѓународните медиуми од целиот свет.
Тој истакна дека Турција претставува мост меѓу Азија и Европа и има богато историско, културно и цивилизациско минато, додавајќи дека AA има развиено добра платформа со која има увид во информативниот развој во светот.
Генералниот директор Фен истакна дека со задоволство го потишал меморандумот за соработка меѓу CNA и АА.
„Двете агенции ќе имаат можност меѓусебно да ги споделуваат своите вести, фотографии и видеа“, рече Фен.
Фен соопшти дека потпишувањето на меморандумот за соработка претставува прв чекор во развојот на соработката и истакна дека по ова двете страни ќе можат уште повеќе да ја развијат меѓусебната соработка.