Sayed Khodaberdi Sadat
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствен напад, изведен во источниот дел на Авганистан, загинаа тројца војници на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Единиците на НАТО во Авганистан соопштија дека е изведен самоубиствен напад врз конвој на НАТО, кој патролирал во источниот дел на земјата.
Во нападот се ранети и тројца војници, од кои еден припадник на американски и двајца припадници на авганистанските трупи.
Вахида Шахкар, портпаролката на Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Парван, изјави дека нападот е изведен во Хилазеј.
Нема податоци за идентитетот на настраданите, а одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците.