Emre Gürkan Abay
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
МОСКВА (AA) – Американскиот актер кој доби руско државјанство, Стивен Сегал, именуван е за специјален претставник за руско-американските хуманитарни врски, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Сегал е именуван на позицијата специјален претставник за да придонесе за подобрување на односите помеѓу САД и Русија, кои во последно време се нарушени.
Сегал ќе биде фокусиран на хуманитарните односи помеѓу двете земји.
„Сегал, во име на Министерството за надворешни работи на Русија, ќе работи во областите на културата, уметноста, општеството и младите“, се вели во соопштението на Министерството.
Актерот, кој ќе биде ангажиран на позицијата слична на амбасадор на добра волја на ОН, нема да прима парична награда за својата работа.
Сегал, познато лице од акционите филмови, во 2016 година доби руско државјанство.