Emel Öz Gözellik
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
ЧИКАГО (АА) - Во американскиот град Чикаго едно лице го загуби животот, откако беше нападнато од куче од видот питбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на полицијата информираа дека во Чикаго, во попладневните часови, од питбул била нападната 57-годишна жена, а полицијата, по доаѓањето на местото на настанот, го убила кучето.
Жената која била касната во пределот на вратот и на повеќе места по телото, е пренесена во болница, но и покрај сите лекарски интервенции, медицинскиот персонал не успал да ја спаси.
Започната е истрага во врска со настанот.