Hale Türkeş
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку шест лица загинаа во бомбашки самоубиствен напад во ирачката провинција Рамади, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван ирачки претставник за АА изјави дека припадник на терористичката организација ДАЕШ го извршил самоубиствениот бомбашки напад врз семејствата кои се обидувале да го напуштат градот на Хит, во близина на Рамади.
Во експлозијата загинаа најмалку шест лица, а беа повредени 12 лица.
Периферијата на градот Хит е место на жестоки судири меѓу ирачките сили и милитантите на ДАЕШ, а голем број од жителите се обидувале да избегаат кон побезбедните градови.
Терористите со минирање на патиштата и самоубиствените напади се обидуваат да ги задржат жителите кои би ги искористиле како жив штит против нападот на воздушните напади на коалицијата предводена од САД.
Авионите на коалициските сили синоќа извршија серија напади врз позициите на ДАЕШ на околу 90 километри западно од градот Рамади. Според истиот извор, во тие напади загинаа најмалку 35 терористи.