Tuğrul Çam
07 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Џон Болтон, советникот за национална безбедност на Белата куќа, и неговата делегација пристигнаа во Анкара на разговори со турските официјални претставници за актуелните регионални и глобални прашања, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската делегација, која пристигнува во Турција по посетата на Израел, ја сочинуваат началникот на Генералштабот на американската Војска, Џозеф Данфорд, и специјалниот претставник на глобалната коалиција Џејмс Џефри.
Делегацијата со турските претставници треба да разговара за Мунбич и Сирија, за борбата против терористичките организации ФЕТО и ПКК, за одбранбениот систем „Патриот“ и меѓусебните економски односи.
По состаноците во Анкара, делегацијата утре би требало да замине од Турција.