Sarp Özer
07 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
АНКАРА (АА) – САРП ОЗЕР -
Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, одговарајќи на прашањето за последните случувања во Сирија и за борбата против тероризмот истакна дека борбата на Турција во регионот е против терористите на ПКК/ЈПГ и ДЕАШ, кои се закана најмногу за Курдите, пишува Anadolu Agency (AA).
„Нашата борба во регионот е против терористите од ПКК/ЈПГ и ДЕАШ, коишто претставуваат закана главно за Курдите во регионот, потоа за Арапите, браќата Туркмени и сите етнички и верски заедници“, нагласи Акар.
Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека повлекувањето на американските војници од Сирија е поврзано со одредени предуслови. Тој истакна дека повлекувањето на Америка од Сирија е условено со гаранциите на Турција за безбедноста на „курдските борци“, алудирајќи на терористичката организација ЈПГ/ПКК, и со победата над ДЕАШ.
Ибрахим Калин, портпаролот на турското Претседателство, во својата писмена изјава објавена вчера истакна: „Сосема е ирационално тврдењето дека Турција за цел ги зема Курдите. Целта на Турција се ДЕАШ и терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ.“
Одговарајќи на прашањето поставено од новинарот на АА за борбата на Турција против тероризмот и последните случувања во Сирија, министерот за одбрана на Турција, Акар, истакна дека борбата против тероризмот ќе продолжи со истата упорност и решителност.
„Борбата на Турските вооружени сили не е насочена кон нашите браќа Курди, со кои со векови ја делиме истата географија, истиот леб“, рече министерот Акар и додаде: „Нашата борба во регионот е против терористите на ПКК/ЈПГ и ДЕАШ, коишто претставуваат закана главно за Курдите во регионот, потоа за Арапите, браќата Туркмени и за сите етнички и верски заедници.“
Акар, нагласувајќи дека терористичката организација ПКК/ЈПГ никогаш нема да биде претставник на Курдите, додаде: „Оваа терористичка организација е закана за безбедноста и стабилноста во регионот и претставува пречка за враќањето на сириските бегалци во својата земја, особено на курдските бегалци.“
- „Турските вооружени сили се единствена армија која води борба гради в гради“ -
Во меѓувреме, експертите за безбедност истакнуваат дека голема контрадикција претставува обидот една терористичка организација да се уништи со друга терористичка организација.
Според експертите, под маската на тврдењето дека терористичката организација ПКК/ЈПГ се бори против терористичката организација ДЕАШ, лежи поделбата на Сирија и формирање автономна власт.
Експертите, потсетувајќи дека никогаш нема да се дозволи формирање терористички коридор во јужна Турција и северните делови на Ирак и Сирија, истакнуваат дека единствената армија која води борба гради в гради со ДЕАШ се Турските вооружени сили. Интересен е фактот дека тоа го повторуваат сите високи функционери на Турција на сите меѓународни средби.
Веднаш по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули во Турција, извршена е операцијата „Штитот на Еуфрат“. Во таа операција Турските вооружени сили неутрализираа над 3.000 радикални терористи на ДЕАШ. Градовите како што се Џарабулус и Ел Баб станаа слободни центри за луѓето од регионот.
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека откако е осигурана безбедноста и стабилноста во регионот, околу 300.000 Сиријци се вратиле во својата земја.