Gamze Türkoğlu Oğuz
04 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс, во својот говор на Институтот Хадсон рече дека Кина својата сила „со проактивни и принудни методи ја користи за да се меша во политиките и внатрешните работи на САД“, додавајќи дека „Кина сака поинаков американски претседател“, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговорот на Кина на царинските даноци што ги воведе Трамп во трговијата, според Пенс, за цел ги има сојузните држави и индустрии кои треба да одиграат значајна улога на престојните избори закажани за ноември. Пенс смета дека Кина посакува американските гласачи, својот глас да го дадат против администрацијата на Трамп.
Пенс изјави дека активностите на Кина во обидот за обликување на американската јавност ги потиснала руските, додавајќи дека еден разузнавачки службеник му рекол дека „споредувајќи ги со кинеските, руските се здодевни“.
Пенс истакнувајќи дека се противи на изградбата на воени објекти од страна на владата на Пекинг во Јужното Кинеско Море и против обидите за спречување на американските бродови во нивното спроведување на воена вежба, посочи: „Американската морнарица ќе продолжи да плови, да лета и да биде ефиктивна насекаде, во согласност со меѓународното право и националните интереси.“
Американскиот потпретседател Пенс ги предупреди американските бизнисмени да бидат претпазливи во обидите за влез на кинескиот пазар и ја обвини Кина дека ѝ се заканила на една американска компанија дека нема да ѝ издаде лиценца за работа доколку не зборува против администрцијата на Трамп.
Освен тоа, Пенс ги предупреди земјите што соработуваат со Кина да бидат претпазлви, тврдејќи дека владата од Пекинг се обидува со „дипломатија на задолжување“, земјите во развој да ги привлече во својата орбита.
Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина дека со интервенција врз претстојните среднорочни избори закажани за ноември 2018 година, се обидува да им помогне на демократите, неговите политички противници.
- Развојот на „трговската војна“ меѓу САД и Кина -
Развојот на настаните кон кој се гледа како почеток на една „трговска војна“ меѓу САД и Кина, започнаа на 23 март, кога администрацијата на Трамп воведе дополнителни царински даноци во висина од 25 и 10 отсто на увозот на челик и алуминиум во САД.
Кина својот одговор на овие дополнителни царини за челик и алуминиум го даде во почетокот на април, кога за 128 производи со потекло од САД ги зголеми тарифите од 15 до 25 отсто.
Покрај тоа, американската администрација во јули и август воведе дополнителен данок во висина од 25 отсто за производите со кинеско потекло, со вкупна вредност од 50 милијарди долари, поради активностите на Кина за присвојување на технологија и интелектуална сопственост од американски компании.
Владата во Пекинг не доцнеше со реакцијата на овој американски чекор, кој како цел ја имаше само Кина. Кинеското Министерство за трговија како одговор воведе царински давачки за 659 производи увезени од САД, со вкупна вредност од 50 милијарди долари.
Трамп на 18 јуни издаде наредба со која доколку Кина се реваншира за воведените царински давачки, тогаш на кинеските призводи во вредност од 200 милијарди долари ќе им биде пресметана дополнителна царинска давачка во висина од 10 отсто.
Според официјалните податоци на американското Министерство за трговија, минатата година од Кина е реализиран увоз во вкупна вредност од околу 505,5 милијарди долари. Во првата половина од оваа година од Кина е реализиран увоз со вкупна вредност од близу 250 милијарди долари.