Ekipa
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција уште еднаш ja осуди американската соработкa со терористичката организација ПКК/ПЈД во Сирија, а во пишаното соопштение на министерството се вели дека неодамнешниот договор меѓу терористичката ПКК/ПЈД и ДЕАШ во Рака е уште еден доказ дека борбата против една терористичка организација не може да се води во соработка со друга таква организација, и дека тие терористички организации, порано или подоцна ќе воспостават директна соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пораката на Министерството се наведува дека е неприфативо и крајно очајно тоа што сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, кој се претставува како „Сириска демократска сила“, влегол во соработка и им овозможил на голем број терористи на ДЕАШ вооружени да ја напуштат Рака.
Истакнувајќи дека Турција од почетокот предупредува оти целта на терористите на ПКК/ПЈД во Сирија не е борбата и расчистувањето на терористите на ДЕАШ, Министерството предупредува дека вистинската цел на групата е да окупира и да ја измени демографската слика на подрачјето на коешто делува.
„Жално е да се чуе дека портпаролите на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ и американскиот Пентагон не го негираат постоењето на договорот меѓу терористите во Рака, туку дека јавно го почитуваат тој договор“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Вчера, портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон, за АА рече дека САД не биле една од страните во договорот којшто терористите на ПКК/ПЈД го постигнале за мирно повлекување на ДЕАШ од Рака, но дека го почитуваат тој договор и го сметаат за локално решение за локален проблем.
ПКК/ПЈД минатиот месец, по еднонеделни преговори, постигна договор со терористите на ДЕАШ во сирискиот град Рака, и во согласност со тоа терористите на ДЕАШ мирно се повлекоа кон Деир ез-Зор.