Ayhan Şimşek
08 Декември 2018•Ажурирај: 08 Декември 2018
БЕРЛИН (AA) - Анегрет Крамп-Каренбауер е избрана за претседателка на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) која на чело на германската канцеларка ќе ја наследи Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа 56-годишна конзервативна политичарка е избрана со 517 гласови на делегатите на ЦДУ на конгресот на оваа партија одржан во Хамбург.
Нејзиниот најголем ривал Фридрих Мерц, голем критичар на либералната мигрантска политика на Ангела Меркел, освои 482 гласа.
Крамп-Каренбауер претходно во петок ги повика делегатите на ЦДУ да бидат храбри за да одговорат на големите предизвици на 21. век, додавајќи дека е важно да се зајакне ЕУ и да се заштити „меѓународниот поредок заснован на правила и норми".
Таа пред оваа должност беше генерален секретар на партијата, а на конгресот ја доби довербата на делегатите да ја води партијата по повлекувањето на Меркел.
Германската канцеларка Ангела Меркел одбележа 18 години на чело на ЦДУ, а денес во прошталниот говор ги повика членовите да покажат единство и да отворат ново поглавје.