Ekipa
21 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
ХАГ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел е наградена за морално лидерство за време на кризите што ја погодија Европа во последниве години, почнувајќи од економските па се до поголеми миграциски криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Холандскиот премиер Марк Руте ја пофали Меркел за време на церемонијата на доделувањето на меѓународната награда "Четири слободи", што се одржа во четвртокот во јужниот дел на Холандија.
Медалот "Четири слободи" ја доделува холандската Фондација Рузвелт и Френклин и Елинор Рузвелт институт во Њујорк.
Од холандската фондација објави дека Меркел за време на мигрантската криза во Европа "се залагаше за хумана должност на Европа за заштита на оние кои бегаат од војната и конфликтите на Блискиот Исток, во Африка и Азија".