Hatice Kesgin
16 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган свечено го дочека иранскиот претседател Хасан Рухани со официјална церемонија во Претседателската палата, во Анкара денес, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на церемонијата, Роухани ги поздрави турските војници, со "здраво,војници" (merhaba, asker) на турски.
Во придружба на 21 топовски истрел беа интонирани химните на двете земји.
Двата лидери ja започнаа нивната билатерална средба.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Мустафа Елиташ, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак и гувернерот на Анкара исто така присуствуваа на церемонијата.
Се очекува двата лидери да дискутираат за регионалните проблеми и 13 Самит на Организација на исламска соработка во Истанбул, кој заврши вчера.