Alp Ertunga Karaca
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
АНКАРА (АА) - По повод шестгодишнината од нападот на израелската морнарница на турскиот брод „Мави Мармара”, кој во 2010 година се обиде да ја разбие поморската блокада во Газа и да достави хуманитарна помош, пред амбасадата на Израел во Анкара, луѓето се собраа во сеќавање на загинатите во тој напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Насобраните, меѓу кои се наоѓаа и претставниците на неколку хуманитарни организации, ги држеа знамињата на Палестина како и фотографиите на загинатите во нападот.
Ги извикуваа слоганите против Израел, а притоа клањаа утринска молитва.
На медиумите им се обрати Сонер Картал кој изјави дека нападот на флотата Мари Марвара не бил напад на Турција, ниту на турскиот брод, туку на муслиманите.
„Поради тоа, ова не треба да се гледа како на проблем помеѓу Турција и Израел, туку треба да се прифати како проблем помеѓу муслиманите и Израел”, смета Картал.
Во нападот на израелските војници во меѓународните води на бродот Мави Мармара кој пренесуваше хуманитарна помош за населението во Газа, на 31-ви мај 2010 година, загинаа шест, а ранети беа над 50 лица.
Нападот на бродот предизвика тензии помеѓу Израел и Турција. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изрази каење поради нападот и се извини за тоа.