Ekipa
26 Октомври 2025•Ажурирај: 27 Октомври 2025
СУЛЕЈМАНИЈА (АА) - Терористичката организација ПКК денес објави дека нејзините вооружени елементи во рамките на границите на Турција се во процес на повлекување во Ирак, јавува Анадолу.
Припадниците на терористичката организација дадоа соопштение за медиумите во подножјето на планината Кандил во близина на градот Сулејманија во Ирак.
Во соопштението, прочитано од висок припадник на организацијата, се наведува дека во согласност со одлуките донесени за време на таканаречениот конгрес одржан во мај под водство на водачот Абдула Оџалан, ПКК одлучила да го прекине своето организациско присуство и вооружените активности.
Како дел од овој тековен процес, се додава во соопштението, терористичката организација во моментов ги повлекува своите вооружени елементи од рамките на границите на Турција во северен Ирак, со одобрение на Оџалан.
Во подрачјето од каде што беше дадено соопштението, беше присутна и група од 23 терористи на ПКК за кои се вели дека ја напуштиле турската територија и пристигнале во Ирак.