Ekipa
06 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Во акциите против терористичката организација ДЕАШ започнати во неделата, во Турција се приведени 763 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Акции се спроведени во 29 области, а во големиот број претреси беа запленети бројни документи и дигитален материјал, како и два пиштола без дозвола, четири пушки и муниција.
Полициски претставници соопштија дека акциите се започнати поради наводите дека терористичката организација ДЕАШ ги забрзала пропагандните активности за регрутирање на нови членови за да можат да изведуваат нови напади.
Полициските претставници истакнаа дека борбата против сите терористички организации ќе продолжи со полн интензитет.