Ekipa
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
КАИРО (АА) - Министерот за надворешни работи на Либан, Гебран Басил, го повика арапскиот свет на воведување економско ембарго на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
На барање на Палестина и Јордан во Каиро, Египет, беше одржан вонреден состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига чија главна тема беше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел.
Басил повика на воведување на ембарго за САД чиј претседател одлучи амбасадата на таа земја во Израел да биде префрлена од Тел Авив во Кудс.
Освен тоа, министерот за надворешни работи на Либан смета дека е потребно да се воведат и сите дипломатски и политички мерки.
Министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдулрахман ал-Тани предупреди дека оваа одлука на Трамп би можела да биде повод за нови одлуки кои ќе бидат закана за исламскиот и арапскиот свет.
Ал Тани ја повика Арапската лига да го разработи акцискиот план како да се бори против одлуката на Трамп кога станува збор за Кудс.
Министерот за надворешни работи на Египет, Самех Шукри, изјави дека овој потег на Трамп би можел да има последици.
Шукри истакна дека палестинскиот народ има право да ја брани својата територија.
Поддршка на Палестина пружи и министерот за надворешни работи на Алжир, Абделакдер Месахел, кој смета дека одлуката на Трамп би можела да има сериозни последици во нестабилната средина, во која се наоѓа регионот.
Министерот за надворешни работи на Џибути, Махмуд Али Јусуф, одлуката на Трамп ја нарече крајно опасна и додаде дека таа ги саботира сите мировни процеси и се заканува на стабилноста во регионот.