Dildar Baykan
10 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Здружението за зголемување на ресурсите за социјален развој (РИСДА) со седиште во Бангладеш, Мухамед Нурузаман зборуваше за потешкотиите на араканските муслимани во камповите во Бангладеш, истакнувајќи „Во моментов, еден од основните проблеми во камповите се сирачињата чии семејства се убиени во Аракан од страна на мјанмарската војска или фанатичните будистички вооружени групи. Овие деца имаат потреба од грижа и поддршка”, јавува Anadolu Agency (AA).
Војската на Мјанмар, под изговор дека се бори против вооружените милитанти, на 25 август започна да спроведува напади врз цивилното население во Аракан, во кои животот го загубија илјадници муслимани. Во етничкото чистење спроведено од страна на војската и фанатичните будистички вооружени групи, уништени се околу 300 села. Повеќе од 600.000 аракански муслимани преку планинските предели, по речен или морски пат избегаа во Бангладеш.
Араканските муслимани бегајќи во соседен Бангладеш можеби успеаја да ги спасат своите животи, но за жал, нивната драма нема крај ниту во соседната земја. Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 60 отсто од пребегнатите аракански муслимани во Бангладеш се жени и деца.
Во Бангладеш сирачињата кои ги загубија своте родители во Аракан, преминаа со останатите Араканци. Се истакнува дека во камповите има на илјадници сирачиња.
Голема закана по здравјето на жените и децата во камповите е што во нив нема хигиенски услови, храна, чиста вода за пиење. Бегалците во нив живеат во несоодветни услови за домување. Араканските муслимани, покрај здравствени проблеми, се соочуваат и со големи психолошки проблеми поради ужасните настании кои ги преживеале.
Голем број меѓународни и локални хуманитарни организации, меѓу кои првенствено турските, се обидуваат да им ги излечат раните на луѓето од подрачјето.
- Араканските муслимани се борат со болестите
Мухамед Нурузаман, претседателот на Здружението за зголемување на ресурсите за социјален развој (РИСДА) со седиште во Бангладеш, за АА зборуваше за проблемите со кои се соочуваат араканските муслимани во камповите во Бангладеш.
Нурузаман истакна дека во камповите на араканските муслимани им се дава помош за да ги задоволат своите потреби. Поделени им се ќебиња, облека и изградени се основни инфраструктурни услуги. „Во моментов, еден од основните проблеми во камповите се сирачињата чии семејства се убиени во Аракан од страна на мјанмарската војска или фанатичните будистички вооружени групи. Овие деца имаат потреба од грижа и поддршка”, рече Нурузаман.
Како друг голем проблем во камповите, Нурузаман ги посочи бремените жени. „Голем број жени ќе се породат наскоро, тоа е навистина сериозем проблем. Освен тоа, во Бангладеш дојде зимата, и тоа е еден многу важен проблем”, истакна Нурузаман.
Нурузаман рече дека араканските муслимани во камповите се борат со многу болести, или се соочуваат со ризици од болести. „Луѓето во камповите со борат против поголем број болести, као што се болести на респираторен тракт и дигестивниот систем. Пиењето на нечиста вода, кај луѓего предизвикува голем број болести”, изјави претседателот на РИСДА Нурузаман.