Soner Kılınç
25 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
АФРИН (AA) - СОНЕР КИЛИНЧ - Во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ која ја водат Турските вооружени сили (ТСК), продолжува враќањето на жителите во населбите ослободени од терористите на ЈПГ/ПКК, пишува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на операцијата спроведена од страна на ТСК со поддршка на Слободната сириска армија (ССА), во регионот на Африн секојдневно се ослободуваат населени места кои претходно беа окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, од терористите ослободени се најмалку 109 стратешки точки, вклучувајќи еден град, 86 села, 20 стратешки важни ридови и планини и една база на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Турските војници од една страна ги уништуваат експлозивните направи поставени од терористите во населбите заземени од Турските вооружени сили, а од друга страна на цивилите кои се враќаат во своите домови им делат помош во храна.
Асу Мухамед Бекир, 78-годишна жена, се врати во својот дом заедно со двете внуки и снаата во селото Омер Ушаги во подрачјето на Раџу, северниот дел на Африн, коешто беше ослободено пред неколку дена. Бекир за репортерите на АА изјави дека терористите на ЈПГ/ПКК ги измамиле дека во селото доаѓа ДАЕШ.
Раскажувајќи дека ги напуштиле своите домови извесно време пред почетокот на операцијата и заминале во подрачјето близу Африн, Бекир истакна:
„Кога турските војници и Слободната војска на Сирија пристигнаа во селото, ние се вративме во нашите домови. Оние кои заминаа, сакаат да се вратат во своите домови, но ПЈД/ПКК не им дозволува, a ако најдат начин ќе дојдат. Некои ги задржа ПКК, а некои ги држи во Африн. Не ги пушта, не можат да се вратат во своите домови. Нивните домови се тука, таму се во тешка состојба, гладни и жедни. Тука има храна. Бог нека е задоволен војниците, тие се грижат за нас. Поминуваме низ тешки денови, но отсега натаму нашиот живот ќе биде уште подобар“.
- „Сега сум безбедна со моите ќерки“ -
Авбану Бекир, која се врати во својата куќа со своите две керќи, рече дека сопругот заминал за Турција и таму почнал да работи пред да дојдат терористите во селото. Таа го напуштила домот заедно со своите двете ќерки и свекрвата.
Бекир посочи дека пред пет дена се вратиле во селото и сега се чувстуваат безбедни.
Радоста од враќањето во својот дом најмногу се забележуваше на лицето на 9-годишната Мерјем Бекир, која рече дека откако заминале од селото најмногу ѝ недостигала нејзината коза.
- „Војниците ни носат лекови“ -
Навби Бехрам, мајка на две деца, која се врати во селото со својот сопруг, тешко наоѓа лекови за дијабетесот и за срцевото заболување, но рече дека сега војниците носат лекови за неа од Турција.
Со желба подрачјето на Африн да биде ослободено од терористите што е можно поскоро, Бехрам рече: „Ќе ни биде убаво кога сите ќе се вратат во своите домови. Војниците ни помагаат многу. Нашето село е веќе безбедно“.