Esin Işık
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на турската опозициска Партија на национално движење (МХП), Девлет Бахчели, изјави дека планот на САД за признавање на Ерусалим како главен град на Израел не е ништо друго освен темпирана бомба за уништување на Блискот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој се осврна на изјавите на тројцата неименувани официјални претставници на Белата куќа, кои порачаа дека американскиот претседател има план да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја премести американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
„Заверата на САД во врска со Ерусалим е подигнат нож, подигнат за да се забие во грбот на нашето светилиште. Затоа, доколку тој нож се забоде, оној што ќе осети болка, чија крв ќе се пролие и ќе биде во загуба, тоа нема да биде само исламскиот свет“, изјави Бахчели.
Тој предупреди дека ваквиот чекор на САД би бил катастрофален за Блискиот Исток.
„Планот на американската администрација да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим и овој град да го признае како главен на Израел е темпирана бомба што ќе служи за тотално уништување на Блискиот Исток“, изјави Бахчели.