Behçet Alkan
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
НЕВШЕХИР (AA) - Кападокија во општината Ѓореме, една од најпопуларните туристички дестинации во Турција каде што се спојуваат убавината на природата и историјата, формирајќи го еден од најубавите пејзажи во светот, од синоќа е покриен со снежна прекривка, јавува Anadolu Agency (AA).
Снегот што од синоќа почна да паѓа во Кападокија ја прекри оваа област, која е на листата на светски наследства на УНЕСКО. Метеоролозите велат дека висината на снегот е десет сантиметри.
Инаку, временските услови во таа област дозволуваат околу 300 дена во годината да може да се лета со балон на топол воздух.
Во градот Ѓореме живеат 2.100 жители. Се случува наутро на небото да летаат 100 балони. Секој балон може да вози 20 луѓе. Годишно, Кападокија ја посетуваат околу 2,5 милиони туристи.
Додека геолошките движења формираат бели самовилски оџаци, луѓето низ историјата во Кападокија оставиле траги на сопствената цивилизација, градејќи куќи во карпите и ги претвориле во ремек-дело на човековата цивилизација.