Cuneyt Davut
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Во бегалскиот камп во гратчето Идомени, на грчко-македонската граница продолжува тензичната состојба со помали инциденти, јавува Anadolu Agency (AA).
Настана расправија помеѓу бегалците и македонската полиција кога група од околу 20-тина бегалци се обидоа да ја пресечат жицата од поставената ограда на што македонската полиција реагираше со солзавец.
Бегалците кои ја скинаа жицата, и со кебиња успеаа да ја отстранат, рекоа дека во наредните денови планираат поинтензивни протести, истакнувајќи дека се сметаат како „затвореници“ и дека ќе останат доследни и ќе продолжат со обиди за пробивање на жичаната ограда.
Во меѓувреме, како реакција на едномесечното затворање на границата, бегалците одржаа мирен протест, блокирајќи ја железничката пруга.
Група од 10 бегалци, меѓу кои имаше и деца, се доближија до автобусите на полицајците кои беа на должност во кампот со плакати на кои пишуваше „Како што мислите на сопственото здравје, мислете и на нашето“, „Спасете нѐ или вратете нè назад“, „Единствена причина за многуте болести се границите“, „Молкот нас нѐ убива“, „Помогнете ѝм на нашите деца“, „Од Идомени не сакаме да прејдеме во друг Идомени“, го покажаа своето незадоволство.
Преку 12.000 бегалци го очекуваат отворањето на границата која веќе два месеца е затворена со цел продолжување на својот пат на надежта за подобар живот.