Admir Fazlagic
19 Април 2016•Ажурирано: 20 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) – Бегалците кои останаа загалвени во Табановце откако Балканската рута е целосно затворена, наоѓаат различни илегални начини да го продолжат своето патување кон Србија, од каде се упатуваат кон западно европските земји, дознава Anadolu Agency (AA).
Откако Балкнанската рута беше затворена на 09.02.2016 година, околу 1500 бегалци во транзитниот центар Табановце, на македонскиот северен граничен премин, останаа заглавени.
Тогаш, 437 бегалци, повеќето држајани на Сирија и Ирак останаа заглавени во меѓузоната и не сакаа да се вратат во транзитниот центар за бегалци во Табановце каде беа згрижени 1055 бегалци.
Моментално, според добиените податоци од Министерството за внатрешни работи во Македонија има нешто повеќе од 1100 бегалци од кои околу 900 бегалци во Табановце, а повеќе од 100 се во прифатно-транзитниот бегалски центар Винојуг, во Гевгелија.
“Според податоците со кои располагаме 947 бегалци има во Табановце, а околу 160 бегалци има во Винојуг во Гевгелија”, потврдија за АА од Секторот за односи со јавноста при МВР.
И од Центарот за управување со кризи (ЦУК) излегуваат со слични бројки.
“Повеќе од 920 бегалци има во Табановце, а околу 140 бегалци во прифатниот бегалски центар Винојуг во Гевгелија, меѓу кои има и бегалци кои се вратени од Табановце”, изјави за АА Надица В’чкова Наумова , портпарол на ЦУК.
Доколку се земе в предвид дека бројот на бегалците кои останале во Македонија за време на затвореањето на бегалската рута изнесува околу 1500, а сегашната бројка е околу 1100, останува нејасно што се случило со околу 400 бегалци.
АА дознава дека бегалците наоѓаат алтернативни, илегални начини да ја преминат македонската северна граница, за што на криумчарите им плаќаат по 1500 евра по лице за да стасаат до Белград.