Ömer Aydın
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
КАЛЕ (АА) - Откако беше затворен во октомври минатата година, во бегалскиот камп „Кале“ во северниот дел на Франција повторно почнаа да се собираат бегалци од Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалната власт презема мерки за да го спречи повторното населување на овој камп. Во врска со тоа, тие ги забранија подвижните штандови кои им нудат храна на бегалците и каде што тие имаат можност да се истушираат.
Француската општина Кале забрани да им се дели храна на бегалците. Тие побараа од волонтерите и од вработените во хуманитарните организации во регионот да се придржуваат до оваа одлука.
Градоначалникот на Кале, Наташа Бушарт за локалниот весник „Ла вуа ду Нор“ изјави дека иако од човечка страна е тешко да се каже, тие се против хуманитарната помош.
Кале вчера го посети и министерот за внатрешни работи, Бруно Ле Ру, кој изјави дека нема да дозволи да се формираат нови кампови во градот.
Бројот на бегалците во овој град достигна 10.000, по што Владата донесе одлука да ги распореди во различни делови на Франција.
Властите тврдат дека во моментов во „Кале“ се наоѓаат 300 до 400 бегалци и дека 70 проценти од нив се на возраст под 18 години.