Ali İhsan Çam
26 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
ТАЈПЕЈ (АА) - АЛИ ИХСАН ЧАМ - Палатата на Националниот музеј која се наоѓа во тајванскиот град, Тајпеј, со колекција од околу 700.000 парчиња се посочува како еден од најголемите музеи во светот, јавува Anadolu Agency (AA)
Музејот, кој е изграден на падините на планина, со цел изложените десетици илјади експонати да бидат прикажани според временскиот период од кој потекнуваат и со цел да го заштити историското богатство, претставува дом на над 700.000 антички дела и експонати, како што е облеката која што ја користеле првите луѓе од Далечниот Исток, првите изработени примероци на жад, личнита облека на кинеските императори и голем број други дела кои ја покажуваат 50-вековната историја на Далечниот Исток.
Еден од најголемите карактеристики на музејот е тоа што повеќето од делата се чуваат во магацинот во планината Јангминг на која се наоѓа и зградата на музејот. Музејот има површина од 9.000 квадратни метри, додека магацинот има многу поголема површина.
Само еден мал дел од делата се изложени, останатиот дел се чува во планината.
Еднаш месечно примероците од керамика, порцелан, калиграфија и книги, се менуваат со другите примероци од магацинот, додека делата изработени од скапоцени камења, како и некои примероци од порцелан, се изложуваат и менуваат на секои шест месеци.
Не е возможно одеднаш да се видат сите дела во музејот кој го посетуваат голем број посетители кои сакаат да дознаат повеќе за историјата на Кина, да го разберат начинот на живеење на императорите, и да се стекнат со информации околу начинот на живеење, литературата и културата на тој период. Затоа е потребно со години да се следат изложбените програми, и почесто да се посетува музејот.
- Пет милиони посетители годишно -
Музејот со неговата колекција од 700.000 парчиња го привлекува вниманието не само на истражувачите, туку и на турстите. Овој музеј секоја година го посетуваат околу 5 милиони посетители.
Првенствено било планирано музејот да биде изграден пред граѓанската војна во Кина, но по поразот на Чанг Кај Шек и неговите поддржувачи, делата се префрлени во Тајван, каде е и изграден музејот. По неколкугодишните обиди, дела користејќи човечки ресурси биле криумчарени од Кина и носени во Тајван. Во музејот може да се забележи дека преовладуваат делата кои се лесни за носење, имаат мала тежина, но голема вредност.
Музејот е отворен во 1965 година и е домаќин на поголемиот дел уникатни дела во светот.
99 отсто од делата кои експертите ги опишуваат како бесценети се донесени од Забранетиот Град во Пекинг.
Во музејот вниманието го привлекуваат и делата пишувани на арапски јазик, од периодот на династијата Минг, време кога муслиманите во Кина имале големо влијание, и кога кинеските муслимани биле назначувани на важни функции.