Büşra Selvi Öğütcen
23 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - САД се наоѓа на самиот врв на графиконот кога станува збор за вкупното богатство на поединци, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата за истражување на пазарот „Њу Ворлд Велт” (New World Wealth) објави листа на десет најбогати земји зeмајќи го вкупното богатство на поединци како критериум.
На таа листа на самиот врв се наоѓа САД со 48,9 милијарди долари, потоа следува Кина со 17,4 милијарди долари. Кинезите истовремено имаат најбрз раст во последните 15 години.
Јапонците со 15,1 милијарди долари се наоѓаат на трето место.
Кога станува збор за Европа, во најдобра позиција се Британците со 9,2 милиарди долари, кои се наоѓат на четврто место. Само стотина милиони помалку имаат Германците.
Шестото место им припаѓа на Французите чие вкупно богатство на поединците изнесува 6,6 милијарди долари, а следува Индија со 5,6 милијарди.
Под пет милијарди имаат Канаѓаните, Австралијците и Италијанците.
Австралија со 4,5 милијарди долари се наоѓа на деветото место, што може да се смета за голем успех, земајќи го предвид тоа што земјата брои околу 22 милиони жители.