Övünç Kutlu
17 Јули 2018•Ажурирај: 18 Јули 2018
ЊУЈОРК (АА) - Богатството на Џефри Безос, основачот и висок раководител во американскиот трговски гигант „Амазон“, (Amazon) надмина 150 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Листата на милијардери во реално време, подготвена од „Форбс“ (Forbes), богатството на Безос во понеделникот е зголемено за 1,2 милијарди и сега изнесува 150,2 милијарди долари.
На тој начин, Безос ја задржа својата позиција на Листата како најбогат човек на светот. На втората позиција се наоѓа основачот на „Микрософт“ (Microsoft), Бил Гејтс, со 93,7 милијарди долари.
- Акциите на „Амазон“ повторно срушија рекорд -
Зголемувањето на богатството на Безос, предизвика акциите на „Амазон“ да срушат нов рекорд.
Акциите на Амазон се зголемија за 1% и достигнаа вредност од 1.831 долар, што е највисока вредност во историјата на компанијата.
Пазарната вредност на „Амазон“ изнесува 888 милијарди долари и по „Епл“ (Apple) која има пазарна вредност од 940 милијарди долари, преставува втора највредна компанија во САД.
- „Prime Day“ на „Амазон“ -
Аналитичарите истакнуваат дека „Prime Day“ има голема улога врз зголемувањето на богатството на Безос и зголемувањето на вредноста на акциите на „Амазон“.
„Амазон“ еднаш годишно организира „Prime Day“, продажба која на „Prime“ корисниците им носи големи попусти за милиони производи. „Prime Day“ започна синоќа во 21:00 часот по средноевропско време и ќе трае 36 часа.