Adham Kako,Ömer Koparan
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
АЛЕПО (АА) - Најмалку осум цивили загинаа, а 20 се повредени во бомбашки напад во областа Баб на подрачјето на сирискиот Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Со офанзивата „Штит Еуфрат" градот Ал Баб на 23 февруари минатата година, беше ослободен од терористичката организација ДЕАШ, а напад со автомобил на кој беше монтирана бомба беше извршен во близина на Големата џамија во центарот на Баб.
Директорот на цивилната заштита (Бели беретки) во Алепо Амар Селмо за АА потврди дека загинаа осум, а беа повредени 20 цивили.
Тој истакна дека меѓу ранетите има и такви кои се во тешка состојба. Селмо изрази загриженост дека бројот на мртви би можел да се зголеми.
Екипите на цивилната заштита на терен интервенираа и околу пожарот што избувна како резултат на експлозијата.
Безбедносните сили презедоа големи безбедносни мерки во таа област.
Засега никој друг не ја презеде одговорноста за нападот.
И минатиот месец во центарот на Баб беше извршен бомбашки напад во кој загина еден, а беа повредени пет цивили.