Şerife Çetin
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Полицијата денес уапси 60 демонстранти на „Жолтите елеци“ поради немирите во белгискиот главен град Брисел денес, велат полициски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите на „Жолтите елеци“ организирани поради зголемувањето на цените на горивата се раширија во дворовите на канцелариите на Европската унија (ЕУ) во Брисел.
Протестите започнаа денес попладне пред две канцеларии на ЕУ - Европската Комисија (ЕК) и седиштето на Европскиот совет (ЕС). Демонстрантите запалија две возила, вклучувајќи и полициско возило, поставија шок бомби и оштетија неколку улични знаци низ градот.
Во меѓувреме, градоначалникот на Брисел Филип Клос предупреди дека ќе бидат уапсени повеќе лица доколку протестот продолжи.
Белгискиот министер за внатрешни работи, Јан Јамбон исто така го осуди како што рече, несфатливото насилство на демонстрантите. Голем број на демонстранти на „Жолтите елеци" беа растерани од страна на полциијата со солзавец и водени топови.
Протестите исто така го попречија јавниот сообраќај.
Активистите организирани под името „Жолти елеци" веќе 10 дена организираат протести низ целата Франција поради зголемувањето на цените на течните горива за повеќе од 20 проценти во текот на една година.
Жолтите елеци претходно протестираа во францускиот регион на Белгија и најавија дека ќе формираат политичка формација. Денес, протестот на жолтите елеци, за првпат се прошири и во Брисел.