Felix Nkambeh Tih
26 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
MAРОУА (АА) - Бројот на жртвите во вчерашниот самоубиствен бомбашки напад во северниот дел на Камерун, достигна до 32 лица, додека бројот на повредени 86, јавува Anadolu Agency (АА).
Четворица бомбаши-самоубијци вчера активираа експлозивна направа во градот Бодо, во фреквентнот дел на градот. Владата на Нигерија испрати сочувство до семејствата на жртвите и ги повика жителите да бидат претпазливи.
За овој крвав напад полковникот на жандармеријата Номо Жан Клод ја обвини терористичката група Боко Харам, која последните шест години го тероризира регионот. Камерун се придружи на соседна Нигерија, Чад и Нигер во обезбедување на околу 8.700 војници, за борба со Боко Харам.