Ekip?
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
ЛАГОС (АА) - Нигериската војска ослободи над 5.000 лица од неколку села во севериостичниот дел на Нигерија кои под контрола ја држеше Боко Харам, јавува Anadolu Agency (AA).
Сани Осман, портпаролот на нигериската војска истакнува дека трупата на 21 бригада и Заедничките работни сили (ЈТФ), спроведоа неколку акции за ослободување на селата Зангебе, Маива, Алгаити и Маинари каде што се убиени шест теористи на Боко Харам.
Заробениците се спасени, а запленет е и арсенал на оружје.
Според зборовите на Осман, нигериската војска моментално се бори со милитантите во неколку села на државата Борно. Нигерија веќе шеста година се бори против навлегувањето на групата милитанти, особено во североисточниот регион во кој досега се убиени десетина илјада лица, а милиони се раселени.
Минатата година Боко Харам оствари контрола над градовите во селата на државите Адамава, Борно и Јобе кои се простираат на територија во големина на Белгија. Но, нигериската војска со помош на нигерски и трупи од Чад успеа да поврати поголем дел од териториите и да ги спречи милитантитеда напредуваат понатаму. Оттогаш се ослободени речиси илјада заложници меѓу кои и жени и деца.