Erbil Başay
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
БЕРЛИН (АА) - Во германскиот град Дрезден синоќа се одржаа паралелни протестни собири на радикалното Движење на европските партиоти против исламизација на Западот (ПЕГИДА) и нему спротивставените групи, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Дрезден соопшти дека прицврзаниците на ПЕГИДА се собрале на Театарскиот плоштад, на кој се вратиле по протестната прошетка низ градот, додека групата, нивни противници, протестирала на платото „Postplatza”.
Во соопштението се наведува дека демонстрантите од редот на ПЕГИДА во текот на протестната прошетка во центарот на Дрезден запалиле 11 паркирани возила.
Студентската организација „Durchgezaehit” соопшти дека на собирот на ПЕГИДА имало меѓу три и четири илјади демонстранти, додека на спротивставениот собир се собрале околу 300 лица.
Паралелно со тоа, во градот Неубранденбург, исто така одржани се демонстрации на сестринската организација на ПЕГИДА, МВГИДА, а на собирот се обратил Удо Пасторс, шефот на пратениците на радикално десничарската Националдемократска партија (NPD) во парламентот на покраината Мевкленбург Ворпомерн.
Движењето ПЕГИДА веќе 15 месеци редовно одржува протести во Дрезден, а тие во најголем број се одржуваат во понеделник навечер. По примерот на антиисламскиот и антимигрантскиот стремеж на тоа движење, во бројни градови во Германија и пошироко основани се групи кои шират омраза кон странците, а пример се движењата БАЕРГИДА во Берлин, КОЕГИДА во Келн, БАГИДА во Минхен и ЛАГИДА во Лајпциг.