Didar Yüsra Dilruba Öz
27 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Во соопштението од кабинетот на премиерот се вели дека вкупно 265 повредени жители на Алепо се донесени во турските болници на лекување по извршената евакуација во овој сириски град, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот директорат за печат и информации на кабинетот на премиерот, за АА соопшти дека 39 од 265 повредени цивили им подлегнале на повредите, и покрај сите напори.
Властите велат дека 98 од 265 повредени цивили од Алепо се здобиле со повреди од огнено оружје, 52 од нив имале изгореници по телото, а 122 од нив биле на возраст под 18 години.
Пред две недели, со посредство на Турција и Русија, силите на сириската опозиција и режимот постигнаа договор за прекин на огнот заради евакуирање на цивилите од источен Алепо во безбедните области во Идлиб, кој е под контрола на опозицијата.
Според турските власти, досега од областа се евакуирани 40.000 лица.