Aylin Sırıklı
19 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
АНКАРА (АА) – Јавното обвинителство во Анкара го комплетираше обвинението подготвено во врска со акцијата во Командата на четвртиот Корпус и во 28. Механизирана пешадиска бригада, за време на обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинението на Командата на Четвртиот корпус е подготвено. Се тврди дека осомничените на датумот на настанот всушност биле задолжени во Одделот за тековни операции во Генералштабот, меѓутоа, во вечерните часови дошле во 28. Механизирана пешадиска бригада, каде што претходно биле на должност, и под наредба на поранешниот командант на баталјонот, кој пак го презел Третиот механизиран пешадиски баталјон, осомничениот Еждер Јилдирим, излегле од касарната со оклопни возила, со цел да стават под контрола одредени точки во Анкара.
Утврдено е дека конвојот полн со муниција, во кој се наоѓал и Јилдирим, тргнал на пат со цел да ги стави под контрола Директоратот на полицијата во Анкара и крстосницата кај трговскиот центар „Анкамал“. Исто така, утврдено е дека оклопните борбени возила биле натоварени со противвоздушна муниција и слична тешка артилерија.
Во обвинението стои дека постои доказ оти на Командата на Четвртиот корпус, во активностите за државен удар ѝ била дадена задача „да преземе одредени делови под контрола во Анкара, да преземе различни институции, кои имаат клучна важност, да ја преземе контролата на важни крстосници како што се Сихије, Улус и Кизилај, да блокира патишта доколку е потребно, како и да задуши каков било отпор што евентуално би се појавил против државниот удар“.
При испитувањето на запленетите документи што се наоѓале во возилото марка „Ленд“, кое го користел Јилдирим во конвојот, при нападот врз Директоратот на полицијата во Анкара, пронајдени се белешки од типот воздушни мапи во врска со различни точки и раскрсници во Анкара, план за транзиција на случувањата, за тоа на која крстосница и на која точка колку возила е потребно да бидат ангажирани, а утврдено е дека меѓу овие места се наоѓаат и полицијата, општината и новинската агенција Anadolu Agency.