Ahmet Furkan Mercan
20 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили во изминатите 24 часа неутрализираа 16 терористи на ПКК во воздушните напади во југоисточната турска област Ширнак, се вели во официјалното соопштение на армијата, јавува nadolu Agency (AA).
Според Генералштабот на турската војска, тројца терористи се неутрализирани во раните утрински часови, во северниот регион Бестлер-Дерелер.
„Тринаесет други терористи на ПКК вчера загинаа во истата област“, се додава во соопштението.
Повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи персонал на безбедносните сили и цивили ги загубија своите животи откако ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата оружена кампања во јули 2015 година.