Ekipa
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Војната во Сирија трае веќе пет година, а во последно време најжестоките напади се извршуваат на подрачјето на Алепо, во кое од десетина пекари во функција останаа само три кои оплужуваат околу 300.000 жители, јавува Anadolu Agency (AA).
Војната го уништи главниот град Дамаск и економскиот центар Алепо, еден од најголемите и најстарите градови во Сирија. Во него е уништено големото културно наследство кое беше под заштита на УНЕСКО, а раселени се милиони сириски државјани.
Пред војната во градот живееја речиси три милиони жители, поголемиот дел Арапи. Околу 400.000 од населението се Туркмени, а околу 200.000 се Курди.
Војната во Сирија започна во 2011 година, а по два дена од големите воени случувања беше зафатен и центарот на Алепо. Само во неколку недели сириската опозиција го стави источниот дел на градот под контрола.
Од 2013 година, силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад, вршат жестоки бомбардирања на овој некогаш важен сириски град, не правејќи разлика ниту кога се работи за цивилите.
Најлоша хумннитарна криза доживува Алепо од минатата година, кога на бомбардирањата се вклучија и руските воздушни сили.
Западниот дел на градот го контролираат режимските сили, а источниот дел опозицијата.
Под окупација во источниот дел на Алепо се наоѓаат околу 300.000 цивили, а според податоците на здравствениот центар во овој дел на Алепо, цивилите веќе 93 дена не можат да ги задоволат ниту основните животни потреби.
Од 15 ноември до денес режимските сили усмртија 508 цивили, а ранија 1.871. Во последните десет дена интензивно се бомбардирани болниците и здравствените центри во источниот дел на Алепо, кои веќе не се во функција.
Ранетите лица се лечат во подрумите на срушените згради. Оштетени се училиштата, а наставата е прекината и во оние кои не беа цел на воздушните напади.
Наставата за помала група деца се одвива по куќите.
Мухамед Меслети, член на Градскиот совет кој е одговорен за помошта во вид на храна, за АА изјави дека на ова подрачје во функција се само три пекари.
Поради недостаток на брашно и поради бомбардирањата, и овие пекари работат секој втор ден до полноќ. Режимските сили во последните десет дена го бомбардираат подрачјето од 45 километри квадратни, на кое живеат стотици илјади луѓе.
Доколку режимските сили во целост го преземат Алепо ќе се свртат кон Идлиб, последното упориште на опозицијата.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки мун, во својата изјава минатиот месец рече дека од 7. јули ниеден конвој на ОН нема влезено во источниот дел на Алепо.
Активистите од Цивилната заштита, од здравството и образованието во Алепо, вчера побараа да се обезбеди хуманитарен коридор со кој би се доставиле основните потреби за цивилите во тој дел на Алепо.