Bilgin S. Şaşmaz
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ЧИКАГО (АА) - Во протестите одржани во градот Чикаго, во САД, со цел да се привлече внимание на насилството на полицијата, демострантите повикаа на бојкот на познатите брендови, при што пред влезот на нивните магацини формираа човечки синџир со цел да го спречат влезот и излезот во нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Чикаго, на т.н Црн петок (Black Friday) се случува шопинг треска. Во текот на протестите заедничките групи којшто сакаа да го привлечат вниманието кон насилството на полицијата, ги повиказ граѓаните да го бојкотират шопингот.
Стотици демостранти, којшто носеа транспаренти „И животот на муслиманите и Афро-американците е важен“, „Сакаме избрани полициски контролори“, „Не на Трамп“ извикуваа слогани како што се: „Ако нема правда, нема ни мир, ниту профит“, „Еј, полиција на Чикаго, колку деца убивте денеска?“.
Одвреме навреме се имаше напнати ситуации меѓу полицијата и демострантите, којшто формираа човечки синџир пред влезовите на магацините-продавниците којшто се наоѓаат над улицата Мичиген, на трговскиот центар “Magnificent Mile” во градот Чикаго.
Полицијата, којашто презеде строги мерки за безбедност, приведе неколкумина демостранти.