Kemal Karadağ
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Вчера од позиции на ДАЕШ од сириска страна со шест ракети и топови беше гранатирана областа на две турски караули, сместени во Елбејли, кој се наоѓа во близина на градот Килис. По нападот турската армија возвратила со гранатирање на позициите на ДАЕШ со 233 топови Фиртина, 40 повеќеракетни фрлачи и четири тенка. Во акцијата учествувале и авиони од коалицијата, кои извршилe 11 воздушни напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на војската на Турција се вели дека вчера во 17.55 часот по локално време, со шест ракети и топови биле гранатирани Елбејли и две гранични караули во Јуксектепе и Шехит Јалчин Нане.
Турските вооружени сили (TSK) со системот за одредување на цели, ги лоцирала позициите од кои бил извршени нападите. Во 18.00 часот започнала акцијата на гранатирање на позициите на ДАЕШ со 233 топови Фиртина, 40 повеќеракетни фрлачи и четири тенка. Во акцијата учествувале и авиони од коалицијата, кои извршилe 11 воздушни напади.
Во акцијата на ракетните единици и воздушните напади врз позициите на ДАЕШ, убиени се 104 терористи.
Уништени се 4 повеќеракетни фрлачи, еден топ и бункер и седум згради во кои било сместено седиштето на ДАЕШ.