Erbil Başay
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лејен ја повика меѓународната заедница да ја забрза борбата против терористичката организација ДАЕШ и изјави дека сирискиот народ мора да даде јасен сигнал за одлучност во борбата против локалните терористи, јавува Anadolu Agency (АА).
"Ние мораме да испратиме јасен сигнал до сирискиот народ дека сме решени да се бориме против ДАЕШ. Тоа ќе биде јасна порака до терористите и така значително ќе го засили политичкиот процес со цел решавање на сириската криза, изјави Лејен на денешната прес- конференција во Берлин.
"Борбата против ДАЕШ е во интерес на сите нас", рече Лејен.
Лејен во оваа прилика јасно стави до знаење дека во никој случај нема да се воспостави соработка со сириските сили под команда на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Германската влада на седницата оваа недела ја усвои предлог-одлуката за испраќање на вооружени елементи во Сирија за поддршка на коалициските сили во борбата против ДАЕШ.
Одлуката предвидува испраќање на шест германски извиднички авиони, фрегати кои ќе го заштитат францускиот носач Шарл де Гол и еден воен авион за транспорт на гориво. Во едногодишната мисија ќе бидат ангажирани 1.200 војници, но одлуката мора да биде одобрен од страна на парламентот.