Musa Alcan
03 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул е отворена втората изложба на меѓународниот натпревар на фотографии во категорија вести “Istanbul Photo Awards”, организиран од страна на Anadolu Agency (AA).
На изложбата се претставени наградени фотографии и оние кои се наоѓаа во финалето “Istanbul Photo Awards 2016”.
На отворањето на изложбата во Музејот на фотографии во Истанбул, присуствуваше гувернерот на тој град, Васип Шахин, кој на шефовите и вработените на Anadolu Agency им честита на вложените напори во организирање не само на изложбата туку и натпреварот.
Тој истакна дека 2015 година била сцена за одигрување на различни настани ширум светот.
„На изложбата можевме да видиме многу убави дела од аспект на уметноста. Покрај тоа, веќе на втората изложба да добиеме почитување и внимание и пофалби, е вредно”, смета Шахин кој потсети дека меѓу добитниците на овогодишните награди се наоѓаат и добитниците на Пулицер.
Слично мислење имаше и градоначалникот на истанбулската општина Фатих, Мустафа Демир, кој смета дека фотографите и фоторепортерите покажале завиден талент и успех.
Членот на управниот одбор на АА, Шабан Кизилдаг, истакна дека останале четири години до прослава на 100-от роденден на АА и дека Anadolu Agency продолжува да го изложува своето разбирање на вести кое ќе ја пласира во петте најголеми на светот. Тој истакна дека АА вложува напори да биде во тек со ситуацијата на глобален план.
Меѓу добитниците на Пулицер оваа година е и фоторепортерот на списанието "The New York Times“, Сергеј Пономарев, кој претходно оваа година ја освои и наградата Istanbul Photo Awards за фотографии кои на јавноста ја прикажуваат драмата на сириските бегалци во Егејското море.
Фотографијата „ Бегалци” на фоторепортерот на списанието "New York Тimes“ Сергеј Пономарев, кој во март на Istanbul Photo Awards е избрана за најдобра форографија во категорија вести, ја освои и Пулицеровата награда.
Изложбата ќе биде отворена до 26-ти јуни.