Emin İleri
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Истанбул беа доделени сертификати на учесниците во Меѓународната обука за новинарство организирана со соработка на Anadolu Agency (АА) со Канцеларијата за прашања на дијаспората при Владата на Турција (YTB), јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата во салата за конференции на новинската агенција учествуваа помошникот генерален директор на АА, Мустафа Озкаја, директорот за Бизнис развој и маркетинг на АА, Недим Каја, административниот менаџер на АА за Истанбул, Сабри Челебиоглу, асистентите на координаторот на академијата за новинарство, Хајри Четинкуш и Џихангир Ишбилир и голем број гости.
Озкаја во својот говор на церемонијата истакна дека Академијата за новинатство е веројатно најстратешка точка на АА и додаде: „Кога ќе нè прашаат по пет, десет години што направивте за Anadolu Agency, ‘формиравме новинска академија‘. Едуциравме многу значајни имиња. Би се гордееле за придонесот во успехот на овие луѓе“.
Озкаја истакна дека цел на АА е да го следи трендот на успехот и да стане една од водечките компании.
„ТХЈ, ТИКА и Канцеларијата за прашања на дијаспората при Владата на Турција (YTB) и Anadolu Agency сакаат да ја прикажат визијата на народот од Анадолија. Ова не е програмa на покажување, туку напор за давање услуги. Всушност ние сакаме да ги пружаме нашите услуги.“
Заменикот координатор на новинарската обука, Хајри Четинкуш, соопшти дека оваа обука е една од најголемите чекори кои ги направила АА во последните неколку години.
„Во моментов со нас се новинари од 27 земји. Во последните година и половина, оваа обука ја поминаа бројни новинари од речиси 60 земји. Имавме претставници од Јужна Америка до Африка, од Средна Азија до Европа“, истакна Четинкуш, заблагодарувајќи им се на сите кои дале своја поддршка.