ИДОМЕНИ (АА) – ЏУНЕЈТ ДАВУТ – Во градот Идомени, во Грција, кој се наоѓа во близина на македонската јужна граница, група волонтери од различни земји и бегалци кои се наставници по професија, со заедничка работа основаа „училиште“ за децата од кампот, јавува Anadolu Agency (AA).
Подготовките околу формирањето на одделенијата, договарањето со воспитувачите, информирање на сите деца и сместувањето во големи шатори траеше околу две недели и новоформираното училиште е именувано „Културен центар Идомени“.
Волонтерот кој зеде учество околу отворањето на „Културен центар Идомени“, шпанецот Дидак Џулиамет Лео во разговор за АА изјави дека „Културнен центар Идомени“ е отворен со цел да се обезбедат организирани културни активности во кампот. Во училиштето на децата бегалци ќе им предаваат воспитувачи кои се исто така бегалци. Предлогот за отворање на ваков вид центар го дале бегалците воспитувачи, истакна Лео во својата изјава, додавајќи дека волонтерите им помогнале на бегалците само во поставувањето на објектот и во обезбедувањето на други помошни средства.
Џулиамет Лео рече дека ја забележал состојбата на децата во кампот, дека заостануваат или воопшто не го добиваат потребното образование и дека главна цел е пред сè создавање на средина во која децата ќе можат психолошки да се релаксираат. За да можат во обезбедениот објект да поминуваат повеќе време, покрај наставата за децата се обезбедени и термини за јадење, додаде Џулиамет Лео.
„Дневната програма со децата ни започнува со церемонија за ‘добродојде’. Пред започнување на наставата имаме настава по спорт, ги учиме јога и музика, времето забавно го минуваме“, рече шпанецот Џулиамет Лео, истакнувајќи дека во „Културен центар Идомени“ покрај за децата, организирале настава и за возрасни.
Зборувајќи за наставата во училиштето, тој рече : „На децата им е обезбедена настава по математика, наука, курдски, арапски и персиски јазик како и реонски јазици, а ги учиме и англиски. Тука децата ќе имаат можност да добијат настава и по музика и цртање“, објасни шпанецот.
Во попладневните часови децата своето слободно време ќе го поминуваат заедно со своите наставници, истакна Џулиамет Лео, додавајќи дека во тоа време на возрасните во „Културниот центар Идомени“ ќе им се држат курсеви, од кои би имале корист.
Дополнителната наставата за децата, и курсот по германски јазик за возрасните, според зборовите на Џулиамет Лео, ‘учениците-бегалци’ ќе имаат слобода во изборот на предметите кои ќе ги следат во наставата.

Исто така, тој напомена дека од отворањето на училиштето, секој ден расте бројот на ученици кои ја пратат наставата и дека во моментов тој број изнесува повеќе од стотина деца и над 30-тина возрасни ученици.
Сириецот Шуџал Халил, кој во „Културен центар Идомени“ е наставник по англиски јазик, за дописникот на АА изјави дека веќе 2 месеца престојува во кампот и во својата земја 14 години предавал англиски јазик.
„Сослушувајќи се себеси, сметам дека како воспитувач, моја главна задача е образување на овие деца. Сметам дека поради долгиот престој кој овие деца го имаат во странски држави, потребно е барем да ги научиме како да воспостават комуникација“, истакна сирискиот наставник Халил, додавајќи дека е среќен што е дел од оваа организација, бидејќи смета дека овој проект е битен за децата.
Одделенијата се составени од 15-20 ученици. Халил рече дека дневно предава 5 часа, од кои два на децата и три на возрасните, давајќи ѝ значење на основната комуникација. Сириецот Зијад Матем, кој ги посетува речиси сите часови, среќен е што по подолг прекин го продолжува своето образование.
„Училиштето е многу убаво. Ние децата следиме настава и играме игри. Во Сирија моите браќа воопшто не одеа на училиште, тие тука ќе го научат арапскиот јазик. Исто така, ние ќе го научиме и англискиот јазик“, истакна Матем, додавајќи дека „Културен центар Идомени“ ќе им биде од корист и деновите ќе можат подобро да ги минуваат.
Денеска во кампот во Идомени, во новоотвореното училиште се одржа првиот час. Доколку се зголеми бројот на пријавени деца, се бара финансиска поддршка од донатори за подигање нови шатори и набавка на други потребни помагала.
Бегалците за адаптација кон новиот начин на живот имаат потреба од учење на странски јазици како што се англискиот и германскиот јазик. Осум воспитувачи - бегалци учестуваат во наставата на различни предмети.
news_share_descriptionsubscription_contact
